Иран денеска ги осуди САД поради извршувањето на ограничена нуклеарна проба, јави иранската државна телевизија.
Американската агенција за енергетика соопшти дека во средата е извршена нуклеарна проба на подземна локација во Невада поради проучување на реакцијата на нуклеарниот материјал без атомска експлозија. Тоа беше прв таков тест од февруари минатата година.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Рамин Мехманпараст ја осуди американската нуклеарна проба, додавајќи оти Вашингтон не е поготвен за целосно разоружување
– Иран како една од жртвите на оружјето за масовно уништување (за време на војната со Ирак 1980-89) ќе ја следи фатвата на врховниот лидер за забрана за производство, складирање и употреба на такво оружје, изјави Мехманпараст.
Фатвата се однесува на верскиот декрет на ајатолахот Али Хамнеи од 2005 година, во кој се наведува дека атомската бомба е спротивна на принципите на исламот.
Вашингтон и владите на другите западни држави сметаат дека Иран се обидува да развие нуклеарно оружје во рамките на цивилната нуклеарна програма. Техеран тврди дека програмата е наменета само за производство на електрична енергија и за медицински цели.