Херитиџ: Македонија треба да продолжи со реформите

Од:

Директорот за трговија и економија на фондацијата Херитиџ, Тери Милер, смета дека Македонија одлично напредува во изминативе години на индексот на економски слободи и се надева дека тоа ќе продолжи и во иднина.

Тој истакна дека ситуацијата во Македонија ја следат од 2002 година, кога состојбата била лоша, но, отогаш до сега е забележан напредок и сега се наоѓаме на 31. место со 70,7 поени, во категоријата за претежно слободни земји.

Антони Ким, менаџер за истражување на фондацијата смета дека Македонија може да продолжи со напредокот и да ги достигне и првите десет земји лидери во економски слободи доколку продолжиме со имплементација на реформите.

„Можете да бидете Естонија доколку го сакате тоа, или Швајцарија. Сега го имате моментот којшто може да го искористите, како и полетот од добриот напредок, треба да продолжите со овој позитивен момент“ рече Ким.

Министерот за финансии Кирил Миновски смета дека рангирањето на Македонија е показател за спроведените реформи и посветеноста.

– Годинава во конкуренција на 186 земји Македонија е рангирана на 31 место со што во споредба со минатата година го подобривме рангирањето за 16 места, додека во споредба со 2006 година имаме подобрување од 47 места. На ваков начин Македонија е лидер во регионот според индексот на економските слободи, како убедливо економско најслободна земја во регионот, петнаесетина места над најблискиот конкурент од соседството и пред многу поразвиени европски економии на листата што е показател за нашето залагање во реформскиот процес, рече Миновски.

Ова рангирање, рече, значи многу за Македонија бидејќи индексот вреднува индикатори важни за инвеститорите и бизнисот, како што се сопственички права, интегритет на Владата, даночно оптоварување, слободата на бизнисот, слободата на трговија, слободата на инвестирање итн.

Би можело да ве интересира

Според индексот на Херитиџ, Македонија најдобра во регионот по степенот на економски слободи

Ана Ололовска

Македонија 33-та во светот според индексот на економски слободи

Наум Локоски

Претставници на „Херитиџ“ му го предадоа годишниот извештај на Димитриев

А1он