Се уште не се одредени параметрите за учество на ММФ во програмата за Грција

Од:

Параметрите за понатамошно финансиско учество на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во програмата за помош на Грција се уште не се одредени, изјави денеска портпаролката на германското Министерство за финансии.

Таа додаде дека според германската Влада учеството на ММФ во програмата за Грција е задолжотелно.

Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт истакна дека Берлин смета оти преговорите на Грција со кредиторите ќе завршат со успех.

Германската канцеларка денеска во Берлин ќе се сретне со директорката на ММФ, Кристин Лагард и со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Една од темите е третиот пакет на спас на Грција.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он