Лидерот на партијата на Чамите во Албанија, Шпетим Идризи, безрезервно ја поддржува идејата секој Албанец каде и да е да добие државјанство на матичната земја.
Идризи на средба со студентите од Универзитетот „Лараси“ предложи во картата на Албанците, кои ќе може да добијат државјанство, да бидат опфатени и православните Чами кои живеат во Грција.
– Да им дадеме пасоши на сите Албанци во Грција, кои досега беа потиснати и не можеа да се декларираат како Албанци. Да им дадеме надеж на православните Чами да се декларираат како Албанци, изјави Идризи.
Според него албанската држава треба да му даде пасош и на грчкиот претседател Каролос Папуљас, кој бил православен Чам.
– Време е за реципроцитет со Грција. Време е Грција да ја признае етничката реланост и малцинствата кои живеат во Грција, доде Идризи.
Чамите се Албанци кои живеат во областа Чамарија, од каде за време на граѓанската војна се протерани илјадиници од нив во Албанија. Според албанските медиуми таму сеуште живеат неколку стотици Албанци.