СДСМ: ССМ во служба на власта наместо во заштита на работничките права

Од:

СДСМ реагира на соопштението на Сојузот на синдикатите на Mакедонија.

Жалиме, велат,  што со ваквото денешно соопштение самиот ССМ се става во служба на власта наместо навистина да ги брани работничките права и можеби ќе беше поцелисходно за нив денес да се појават и да го поддржат штрајкот на лекарите, како што би направил секој вистински синдикат кој мисли за правата на работниците.

„Сепак претседателот на ССМ, Живко Митревски мора да биде свесен за следните непобитни факти:
Прво, груба манипулација и дрска лага е дека претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, Цветанка Иванова или СДСМ на каков било начин го довеле под прашање покачувањето на пензиите и другите социјални трансфери, бидејќи и самите пензионери знаат дека тоа почнува да важи од март 2013 година. До тогаш, ако власта навистина сака и има реална политичка волја, сто пати може да се донесе и законот за бранители и сите други закони од оваа сфера.

Второ, Комисијата за труд и социјална политика е блокирана исклучиво заради договорениот политички хаос на владините коалициони партнери, кои за дневно политички потреби глумат патриотизам, притоа за нивната испазарена блокада наивно се обидуваат да ја префрлат топката да ја обвинат опозицијата.
Трето, владејачкото мнозинство е на страната на ВМРО – ДПМНЕ, и тие ја имаат обврската и целосната одговорност за работата на Комисијата за труд и социјална политика.

Претседателот на Собранието може веднаш да ја свика Комисијата за труд и социјална политика и од тој момент да ја преземе одговорноста и за расправата по Законот за бранители. Од тој момент до крај ќе се разобличи лицемерието на ВМРО – ДПМНЕ!Оттука, претседателот на ССМ, Живко Митревски своите забелешки ги упатува на сосема погрешна адреса„, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски