Тери Џонс го „обеси“ Обама

Од:

Пасторот Тери Џонс, кој стана познат по палењето на Куранот во својата црква во Флорида (Dove World Outreach Center) сега на истото место ја обеси и куклата на американскиот претседател Барак Обама.

Џонс тврди дека се одлучил на овој потфат кога дознал дека Обама ги поддржува браковите од ист пол, како и правото на жените на абортус.

Закачената кукла во едната рака држи знаме со виножито од бои, а во другата кукли и деца. Пред бесилката стои куклата на „Чичко Сем“ заедно со американското знаме, извршителот на казната.

Џонс, во интервјуто за Huffingron пост, повтори дека исламот е најопасната закана за националната безбедност и животот во Америка.

Dove World Outreach Center е под посебен надзор е од 2011 година, кога Џонс уништи копија на Куранот, што предизвика лавина протести во Авганистан, при што загинаа 21 лице, вклучувајќи и набљудувачи на ОН.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски