Меџик Џонсон назначен за нов претседател на ЛА Лејкерси

Од:

Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкес, Ирвинг Меџик Џонсон е назначен за нов претседател на „езерџиите“.

Откако пред само три седмици легендарниот кошаркар се врати во „Степлс Центарот“ како советник, сега Џонсон е назначен за претседател за кошаркарски операции, заменувајќи ги дологгодишниот генерален менаџер Мич Капчак и извршниот потпретседател Џим Бас, синот на поранешниот сопственик Џери Бас.

– Донесов неколку важни одлуки што се надевам дека ќе придонесат за враќање на „лејкерси“ на местото на кое припаѓаат и сакаат да ги видат нашите навивачи. Ирвин Џонсон ќе биде одговорен за кошаркарски операции и ќе ми одговара директно мене. Во тек е потрага за нов генерален менаџер што ќе соработува со Џонсон и тренерот Волтон. Се надевам дека наскоро ќе имаме негова промоција, изјави Џини Бас, косопственичка на Лејкерс.

Популарниот Меџик веќе има искуство во спортскиот бизнис. По крајот на кариерата тој остана во близина на Лејкерс, а во меѓувреме имаше удел во сопственоста на безбол тимот Лос Анџелес Доџерс, женскиот кошаркарски тим Лос Анџелес Спаркс, како и на идниот фудбалски тим од МЛС лигата, кој ќе биде базиран во Лос Анџелес.

– За мене е остварување на сонот да се вратам во Лејкерс како претседател за кошаркарски операции, каде што ќе соработувам со семејството Бас. Од 1979 година сум член на нацијата на Лејкерс и сега ќе направам се што можам да го вратам победничкиот менталнитет, изјави Џонсон.

Ваквата одлука доаѓа во моменти кога тимот на Лејкерс има очаен скор од само 19 победи и дури 39 порази, што е една од најлошите сезони на тимот од Лос Анџелес во неговата историја.

ЛА Лејкерс е 16-кратен шампиони на НБА, но не учествувал во плеј-офот од 2013 година, а последната титула на клубот датира од 2010 година.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on