Комисијата од косовски експерти заклучи дека спогодбата за демаркација на границата со соседна Црна Гора не ѝ штети на територијата на Косово, како што тврди опозицијата, која решително се спротивставува на спогодбата, пренесуваат американските медиуми.
Комисијата денеска соопшти дека територијата на Косово по спогодбата од август 2015 година не се разликува од таа пред неа и си останува на постојните 10.905,25 квадратни километри.
Косовската Влада минатиот месец ја формира оваа комисија со единствена цел да докаже дека земјата со спогодбата не загуби територија. Спогодбата, се уште, не е одобрена во Парламентот токму заради отпорот на опозицијата.
Ратифицикацијата на спогодбата е условот што ЕУ и го постави на косовската Влада за визна либерализација за косовските граѓани при нивните патувања во земјите од Шенген зоната.