Неколку лица се повредени во судирот меѓу такси возачите и полицијата за време на протестите на таксистите ширум Италија.
Традиционалните таксисти се спротивставуваат на давањето предност на такси пазарот на компании како американската Убер, која нуди услуги по електронски пат.
Таксистите протестираат пред Домот на пратениците во Рим, а министерот за сообраќај Грациано Делрио треба да се сретне со претставници на синдикатите на таксистите за изнаоѓање на решение.
За време на протестот демонстрантите фрлаа различни предмети и стаклени шишиња, а оштетени се и куќите во близина бидејќи се фрлаа и столици и маси.
Традиционалните таксисти протестираат веќе една недела против амандманот, што беше усвоен во февруари од италијанскиот Сенат.
Протестот најмногу го загрози сообраќајот во Рим, во Милано и во Торино.
Таксистите тврдат дека новиот Закон неправедно дава предност на Убер во однос на традиционалните, лиценцирани такси возачи.