Порошенко побара нови санкции за Русија

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска побара нови санкции за Русија поради одлуката да се признаат документите за идентификација издадени од сепаратистичките власти во источна Украина.

Според Кремљ таквата одлука е „хуманитарна мерка“ со цел да им се помогне на жителите од Донецката и Луганската Област, кои страдаат од блокадаѕа на Киев. Москва наведува дека тоа не значи признавање на двете републики, самопрогласени од проруските сепаратисти.

Порошенко на средбата во Киев со еврокомесарот за хуманитарна помош и управување со кризи Христос Стилианидис истакна дека признавањето на документите издадени од Донецката и Луганската Област се спротивни на Договорот од Минск и де факто значи откажување од мировниот процес.

– Сметаме дека тоа е многу алармантна појава и тоа бара одлучнми акции за засилување на санкциите, посочи Порошенко.

Би можело да ве интересира

Умеров: Украинската армија се вклучи во борба со севернокорејските сили

Украина го изврши првиот напад врз севернокорејските војници во областа Курск

Украинската армија собори 50 беспилотни летала

Петмина повредени во гранатирањето на Харков

Руските трупи го гаѓаа Харков со балистичка ракета

Орбан: Трамп може да ја запре војната во Украина