Ултраконзервативецот Мило Јанопулос исклучен од учеството на конференцијата на американските конзервативци

Од:

Контроверзниот американски ултраконзервативен автор, Мило Јанопулос, нема да учествува и да зборува на конференцијата на конзервативците во САД, откако во јавноста се појави видео на кое тој ја одобрува педофилијата- пишуваат американските медиуми.

На видео материјалот се гледа како тој расправа за геј односи меѓу возрасни мажи и момчиња на 13-годишна возраст, тврдејќи дека тоа на младите „може да им помогне да се откријат себе си“.

На својата страница на интеренет, Јанопулос се брани дека видеото било „монтирано“ за да се добие погрешна претстава за него.

Но висок претставник на Унијата на конзервативците изјавил за медиумите дека таквото објаснување „не е доволно“ па Јанопулос нема да може да настапи на конференцијата, што е закажана за во петок и на која треба да присуствува и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Изјавите за потребата „да се простува педофилијата„ предизвика издавачот на неговата книга што требаше да се појави во јуни, да го откаже договорот и да се повлече од издавањето на книгата под наслов „Опасности“.

Одлуката да му се забрани настап на Јанопулос се објаснува со блискоста на претседателот Трамп и неговата администрација со интернет весникот „Брејтбарт Њуз“, во кој тој е уредник од 2015 година и со жестоката реакција во американската јавност против овој ултрадесничарски автор.

Основач и главен уредник на овој крајнодесничарски медиум е Стив Банон, кој сега е главен стратег на претседателот Трамп. Тој му беше еден од главните советници додека траеше предизборната кампања, а пред да се вклучи во кампањата, го постави Јанопулос да раководи со весникот додека тој е на работа во Белата куќа.

Мило Јанопуслос е роден во Грција, од татко Грк и мака Британка, но израснал и се образовал во Британија, по што се преселил во САД.

Одржува редовни контакти со крајната десница, со неонацистите, разните тврди националистички групи и антисемитисти. Во своите настапи секогаш е остро против либерализмот, левицата, феминизмот и политичката коректност, заговарајаќи супремација на белата раса.

Медимите во САД го опишуваат како „страствен“ поддржувач на претседателот Трамп, кого и во јавноста го ословува како „тате“.

На почетокт од овој месец му беше забрането да зборува на Унверзитетот Беркли, по насилните протести на неговите противници, по што Трамп се закани дека ке ги укине федералните фондови за овој Универзитет.

Минатата година му беше забрането да настапува на Твитер, откако на интернет, грубо ја понижувал и се заканувал на афроамериканската актерка Лесли Џонс.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени