„ЕМО“ Охрид оди во стечај?

Од:

Балканскиот   гигант во електронската индустрија и најголемата фабрика на Балканот за производство на електронски композити, трансформатори , изолатори , челични конструкции  „ ЕМО“ Охрид  на 17. овој месец ќе замине во стечај.

ОхридСкај од високи извори дознава дека планот на бордот на директори е  во сите формирани  доели од АД „Емо“ да се отвори стечајна постапка.

Со ова   би се ослободиле од големите долгови по разни основи, а со тоа над 2.000 вработени ќе заминат  под капата на Агенцијата за вработувања.

Со ваквиот чин на отворање на стечајна постапка , паѓаат во вода сите најави за рестартирање на овој гигант на македонската електронска индустрија .Со тоа паѓаат во вода и најавите наАлександар Николовски и Хари Шокаровски дека „Емо“ ке се рестартира , или ќе се продаде на странски инвеститор.

До сега сите инвеститори беагаа од големите долгови на ЕМО и наводната превработеност. Со ова се става точка на наводните добри намери .

Со стечајот единствено  ќе изгубат вработените и доверителите , а можноста комбинатот исчистен од долгови да се продаде на некој инвеститор е можна , но секако на штета на целото охридско стопанство и секако на штета на вработените пишува порталот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице