Фулбајт програмата претставена пред студентите на Државниот универзитет во Тетово

Од:

Претставници од амбасадата на САД во Македонија денеска на Економскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово ја претставија програмата Fulbright Scholar (Фулбрајт Сколар) за студентите и академскиот кадар од оваа високообразовна институција.

Претставникот на амбасадата на САД Газменд Иљази освен програмите и стипендиите наменети за оние што се на постипломски и докторски студии информираше и за други образовни програми што им стојат на располагање на заинтересираните во текот на целата година.

– Оваа програма нуди постипломски студии за дипломираните студенти, но и за оние кои имаат запишано или се во тек на нивните мастер или докторски студии во Македонија или некоја друга држава. Овие кандидати може да аплицираат и за истражување во рамките на нивната магистерска или докторска тема во САД, изјави Иљази.

Интерес кај студентите има, а целта на ваквите активности е тие од блиску да ги добијат потребните информации.

– Фулбрајт програмата или поголемиот дел од стипендиите што се на нашата листа според моите инфорамции се спроведуваат тука од независноста на Македонија. Нам ни е важно да има поголем број заинтересирани за да можеме да ги избереме најдобрите студенти. И досега сме имале голем број студенти што во рамките на оваа и другите програми биле во САД и се вратиле назад, а целта е на сите заинтересирани освен она што го има како информацијa на официјалната веб-страна на амбасадата од прва рака да им ги дадеме бараните информации, рече Иљази.

Конкурсот за стипендиите програмата Fulbright Scholar што ги нуди американската амбасада е започнат од почетокот на месецов. Во следниот период вакви претставувања на програмите ќе има и на останатите универзитети во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март