Се поставуваат семафори на две раскрсници во Гевгелија

Од:

На две крстосници во Гевгелија денеска почнаа изведбените работи за поставување нови семафори за регулирање на сообраќајот, соопштија од надлежната општинска служба.

– По уредувањето на кружните текови,беше констатирано дека просторот на крстосниците меѓу улиците „Ристо Фршинин“ и „Мирче Ацев“, како и на „Булевар Гевгелија“ со „Деко Ковачев“ не е доволен за кружни текови, па одлучивме тука да поставиме семафори, рекоа сообраќајните инспектори.

Тие појаснија дека на првата крстосница ќе биде поставена семафорска инсталација со 4 столбови високи по 4 метри и сигнализација за пешаците, а на втората крстосница инсталација исто така со 4 столбови со семафорски конзоли кои ќе бидат високи по 6 метри како и сигнализација за пешаците со сите потребни елементи.

Реализацијата на целиот зафат ќе чини околу 3,4 милиони денари,а средствата се обезбедени од буџетот на општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски