Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски ја постигна третата победа во квалификациите на фјучрсот во Тунис и се пласира на главниот турнир.
Јотовски денес во меч за пласман на главниот турнир беше подобар од Лоик Пере од Швајцарија (992.место АТП) со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3.
На турнирот во првото коло од квалификациите настапи уште еден Македонец. Шендрит Деари и беше поразен од Лу Ше од Франција со 2-1, по сетови 4:6; 6:3 и 6:4.
Настапот на овој турнир за македонските тенисери претставува подготовка за претстојните мечеви Дејвис купот. Македонија во ова натпреварување ќе игра во бугарскиот град Созопол.