Околу 300 мигранти ја преминале денеска границата меѓу Мароко и Шпанја и влегле во шпанска енклава во северна Африка, Сеута, соопштија шпанските власти.
Ова е второ навлегување на мигранти во период од три дена, откако во петокот речиси 500 мигранти ја прескокнаа оградата што ја разгвојува Сеута од Мароко.
Стотици млади мигранти од африканско потекло ги прескокнаа двојните решетки на шестместарската ограда околу енклавата и откако стапнаа на шпанска земја извикуваа: „Ти благодарам Боже!“, „Сега сум во Европа“, покажува видео снимка, емитувана од локалната ТВ мрежа „Фаро де Сеута“.
Сеута и Мелиља, исто така шпанска територија во северна Африка, претставуваат единствените копнени граници меѓу ЕУ и Африка.
Шпанија и Мароко ја контролираат оваа копнена граница, долга осум километри, но односите меѓу Рабат и Брисел се затегнати. Рабат се закани дека ќе ја намали контролата и ќе им го олесни влезот на мигрантите.
Претходно обид за масовно навлегување беше направен на новогодишната ноќ, кога околу илјада мигранти се обидоа да ја прескокнат оградата, но без успех.
Овие преминувања се меѓу најмасовните од 2005 година од самото монтирање на оградата.