Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ вечер ќе биде одржан концерт посветен на унгарскиот композитор и пијанист Бела Барток (1881-1945), во изведба на „Oláh Dezső Trio“.
Концертот, на кој композиции од Барток ќе бидат интерпретирани во џез-варијанта, е организиран во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија и и Унгарскиот директорат за уметност и култура.
– Бела Барток е еден од најпознатите композитори на етномузика кој творел во дваесеттиот век, најпознат унгарски композитор и еден од основачите на етномузикологијата. Неговата музика се карактеризира со драматично менување на звукот во музиката на 20 век, соопштија организаторите.
Почетокот на концертот е во 20 часот. Влезот за посетители е слободен, со претходна резервација поради ограничен број на седишта.