Републиканци во Сенатот на САД се подготвуваат да поднесат предлог-закон за воведување нови санкции против Иран, најави вчера на Минхенската безбедносна конференција сенаторот Линдзи Грем, кој е член на сенатската Комисија за вооружените сили.
Според него, време е Конгресот да обрне внимание на она кое го прават Иранците „надвор од својата нуклеарна програма“.
Тој објасни дека со ракетните тестирања Иран ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ОН и го дестабилизира Блискиот Исток.
Грем истакна дека тој и други републиканци ќе предложат мерки, со кои Иран ќе понесе одговорност за своите дејствија.