Николиќ: Добро е што Македонија доби уште еден трофеен клуб

Од:

Тренерот на Карпош Соколи, Драган Николиќ по триумфот во националниот куп рече дека е добро за македонската кошарка поради тоа што уште еден клуб се запишува во листата на освојувачи на трофеи.

– Добро е што Македонија доби уште еден трофеен клуб, се надевам дека прогресот на Карпош Соколи ќе се префрли и во Јадранската лига, но и во Суперлигата каде верувам дека ќе имаме една од најинтересните сезони досега. Знаевме дека на овој натпревар не смееме да им дозволиме да ги погодат тие тројки кои вообичаено ги погодуваат. Мислам дека не пресуди подолгата клупа, туку квалитетот на неколку играчи, истакна предводникот на победникот на Купот на Македонија.

Според Николиќ, ко-организаторот на турнирот, екипата на Фени Идустри се прикажала во одлично издание.

– Сакам да им честитам на Фени Индустри за одличната игра во изминатиот викенд, бидејќи успеаја да одиграат одлично против два силни, „абалигашки“ тимови. Го исфрлија најголемиот фаворит на овој турнир МЗТ Скопје и ни пружија и повеќе од достоен отпор. Верувам дека Фени Индустри повторно ќе биде трофеен клуб, бидејќи ја има поддршката од еден град кој многу ја сака кошарката, дал големи кошаркарски имиња, а го води еден искусен тренер пред кој има светла иднина, нагласи Николиќ.

Кошаркарите на Карпош Соколи вчеравечер во финалето од „Лимак Купот“ го совладаа Фени Индустри со 80:69 и го освоија првиот трофеј во своето две децениско постоење.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос