ОН брза да изгради засолништа за бегалци од Мосул

Од:

Обединети нации (ОН) соопштија денеска дека во момент кога ирачките сили покренаа офанзива против џихадистите од Исламска држава (ИД) во Мосул, тие брзаат со градење што поголем број засолништа пред очекуваниот бран раселувања.

– Се бориме против времето за да можеме да подготвиме места јужно од Мосул во кои би се примиле раселени семејства – изјави Лиса Гранде, координатор за хуманитарна помош на ОН во Ирак.

Премиерот на Ирак Хајдер ал Абади соопшти дека ирачките сили денеска покренаа офанзива против џихадистите кои во градот Мосул го имаат под контрола западниот брег на реката Тигар. Западни медиуми јавуваат дека тоа би можела да биде најбрутална битка досега во рамки на операцијата за заземање на Мосул која трае веќе четири месеци.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак