„Спасете ги децата“ повикува за заштита на околу 350.000 деца во Мосул

Од:

Околу 350.000 деца се во стапица во западниот дел од Мосул, предупреди денеска британската невладина организација „Спасете ги децата“. Тие повикаа ирачките сили и нивните сојузници да направат се за да ги заштитат децата.

– Треба итно да се направат безбедносни коридори за евакуација на цивилите – нагласи Маурицио Кривалеро, директор на Спасете ги децата за Ирак.

Повикот е уаптен откако денеска почна голема копнена операција на ирачките сили за протерување на ИД од западниот дел од Мосул. Во источниот дел од градот денеска беше извршен самоубиствена напад од страна на ИД во кој загина еден човек и десет се ранети.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак