Трамп нарече неколку американски медиуми „непријатели на Американците“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати остри критики до медиумите, нарекувајќи неколку големи телевизии и еден весник „непријатели на Американците“.

Тој на Твитер остро ги критикуваше весникот „Њујорк тајмс“, како и телевизиите Ен-Би-Си Њуз, Еј Би Си, Си Би Ес и Си Ен Ен, нарекувајќи ги „медиуми кои објавуваат лажни информации“. Трамп напиша во твитот дека тие медиуми „не се негови непријатели, туку на Американците“.

Американскиот претседател го напиша својот твит веднаш по пристигнувањето на Флорида, во својата луксузна резиденција Мар-а-Лаго.

Трамп во четвртокот на прес-конференција во Белата куќа ги критикуваше новинарите дека многумина од нив не им ја пренесуваат вистината на луѓето.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени