Македонската филхармонија денеска напладне во Домот на АРМ ќе одржи уште еден симфониски концерт за деца, насловен „Сонот на вештерката“.
Диригент ќе биде маестро Борјан Цанев, а аниматор, омилениот актер на децата, Мартин Јордановски.
Оркестарот ќе изведе дела од Григ, Дворжак, Сен-Санс, Штраус…
– „Сонот на вештерката“ ќе донесе многу изненадувања и преку музика ќе ја раскаже приказната за една добра вештерка која сонувала сите да ја сакаат, најавува Македонската филхармонија.