Министерот Нухиу во посета на Дебреште

Од:

Mинистерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска го посети селото Дебреште во општина Долнени. Посетата е во рамки на проектот “Како сте“, кој е дел од концептот на “Полиција во заедницата”, односно промоција на полицијата како сервис на граѓаните.

Како што информира МВР, Нухиу на средбата со жителите на Дебреште се осврнал на основните постулати на полициското работење, појаснувајќи го значењето на полицијата како сервис на граѓаните. Притоа тој нагласил дека полицијата е и мора да биде постојано достапна за граѓаните, за сите прашања од нејзина надлежност. Најголем дел од времето беше посветен на прашања на граѓаните од областа на управните работи при МВР, при што министерот Нухиу нагласи дека особено во делот на аплицирање за личните документи, полицијата има преземено низа активности во насока на олеснување и функционалност на процедурите, вклучително преку постоењето на мобилни тимови за оваа намена кои се во интерес токму на граѓаните.

Министерот Нухиу го посети и селото Врбјани во општина Маврово каде што се сретна со жителите од тој регион. Со проектот е предвидено вакви средби со граѓаните да имаат и други раководни лица во министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он