Белата куќа демантира мобилизација на припадници на Националната гарда за приведуавње илегални имигранти

Од:

Белата куќа негираше денеска дека разгледува мобилизација на 100 илјади припадници од Националната гарда во 11 сојузни држави во САД кои би апселе илегални имигранти.

– Нема никакви напори за употреба на Националната гарда за приведување илегални имигранти, изјави Шон Спејсер, портпарол на Белата куќа.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува предлог за мобилизација на до 100 илјади припадници на Националната гарда, кои би апселе илегални имигранти, вклучително и милиони од нив кои не живеат ни близу границата со Мексико, јавија американски медиуми.

Тие се повикуваат на нацрт-меморандум од 11 страници во кој има повик за досега невидена милитаризација на сили, кои треба да се борат со имиграцијата и тоа на север до Портланд во Орегон и на исток до Њу Орлеанс во Луизијана.

Американски медиуми кои имале увид во документот, тврдат дека меморандумот го потпишал министерот за внатрешна безбедност Џон Кели.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени