Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува предлог за мобилизација на до 100 илјади припадници на Националната гарда, кои би апселе илегални имигранти, вклучително и милиони од нив кои не живеат ни близу границата со Мексико, јавија американски медиуми.
Тие се повикуваат на нацрт-меморандум од 11 страници во кој има повик за досега невидена милитаризација на сили, кои треба да се борат со имиграцијата и тоа на север до Портланд во Орегон и на исток до Њу Орлеанс во Луизијана.
Во тој предлог се вклучени и четирите сојузни држави кои се на границата со Мексико – Калифорнија, Аризона, Њу Мексико, Текасас, но и седум држави кои се до нив – Орегон, Невада, Јута, Колорадо, Оклахома, Арканзас и Луизијана.
Од Белата Куќа ја демантираа оваа информација како лажни вести.