Судењето за „Дива населба“ продолжи со сведочење на обвинетите

Од:

Судскиот процес за случајот „Дива населба“ денеска продолжи со сведочење на обвинетите за тероризам.

Сами Укшини, кој е еден од обвинетите во овој случај, изјави дека не се чувствува виновен, бидејќи не командувал со групата. Додаде дека бил еден од организаторите на конфликтот од 2001-та година, а во 2015-та година му бил вршен притисок од групата од Куманово да дејствува за спроведување на Охридскиот договор.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Би можело да ве интересира

Владата е подготвена за меѓународна експертиза за случајот „Дива населба“

Ана Ололовска

МВР: Во Диво Насеље изгубивме осум херои, oвој противдржавен чин не смее никогаш да се повтори!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Три години од настаните во кумановската „Дива населба“

Ана Ололовска

Владата ги разгледува можностите за меѓународна истрага за „Дива населба“

Ана Ололовска

Владата прифаќа меѓународна истрага за „Дива населба“

Ана Ололовска

Мифтарај: Тие кои војуваа во Куманово се обични платеници

Наум Локоски