Лагард и Меркел го договорија учеството на ММФ во спасувачката програма за Грција

Од:

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард и германската канцеларка Ангела Меркел се договорија за учеството на ММФ во грчката спасувачка програма, пишуваат денеска грчките весници, повикувајќи се на германското издание „Велт“.

Во телефонски разговор Лагард и Меркел, исто така, се согласиле и проблемот за олеснување на грчкиот долг да не биде дискутиран пред 2018 година, односно прашањето да се расправа по изборите во Германија.

Според „Велт“, Берлин ова го проценува како желба на Вашингтон да ја поддржи Меркел пред изборите во Германија.

Во заднината на овие тврдења, весникот „Катимерини“ повикувајќи се на европски извор од Брисел, пишува дека на средбата на Еврогрупата, во понеделник, министрите за финансии од еврозоната веројатно ќе излезат со одлука за враќање на претставниците на кредиторите во Атина со цел да дојде до обновување на преговорите за деблокирање на спасувачките транши од кредитите за грција, што претхдониот месец западнаа во „ќор-сокак“.

Се очекува тие да постават услови деталите за идниот договор со Атина за овие транши да се дискутираат во рамки на претстојните консултации со грчката Влада.

Потпретседателот на Европскиот парламент Димитрис Пападимулис во интервју за берлинскиот весник „Тегесцајтунг“ изрази оптимизам дека средбата на Еврогрупата во понеделник ќе има позитивен ефект за Грција.

Сегашното забавување на втората проверка за исполнување на грчката програма тој го образложи со барањето на ММФ за нови мерки за штедење и со неусогласеноста на Фондот со европските кредитори во однос на бараните поголеми олеснувања на грчкиот долг и понизок буџетски суфицит од Атина.

Повикувајќи се на Викиликс, весникот „Имерисија“ пишува, дека американските тајни служби пројавиле интерес за грчкиот долг.

Според Викиликс, ЦИА мобилизирала агенти и електронски средства за следење, со цел да собира информации за улогата на Франција и Германија во управувањето со грчката криза и за степенот на изложеност на државата и на француските банки во овој долг.

ЦИА ја набљудувала состојбата на грчкиот долг во перидот од речиси десет месеци, од ноември 2011 година до септември 2012 година, наведува Викиликс.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка