Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, изјави дека Европската Унија треба да заземе поактивна улога на меѓународната сцена.
Според него, одоговорот на различните проблеми – од безбедноста до климатските промени, е е во тоа земјите членки да бидат обединети и да престанат да се потпираат на САД.
Ветеранот во Владата на канцеларката Ангела Меркел, изјави дека Европа чекаше премногу долго време САД да дејствуваат место неа и и да го компенизираат дефицитот во политиката на ЕУ.
„Крајно време е повеќе да размислиме за меѓународната улога на Европа, освен за се она што се работи внатре во ЕУ“, напиша Шојбле во статијата за „Функе“, што е објавена денеска, на првиот ден од Минхенската конференција за безбедност.