Лавров: Во прагматичниот разговор со Тилерсон не се разгледани санкциите

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека во, според него, денешниот прагматичен разговор со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон не станало збор за економските санкции на САД против Русија.

Лавров првпат се сретна со Тилерсон денеска во Бон на маргините на средбата на шефовите на дипломатии на земјите од Г-20.

– Средбата беше прагматична, во бизнис стил. Разговаравме за заедничките интереси на двете земји, главно за борбата против тероризмот, истакна шефот на руската дипломатија. Тој потврди дека тема биле и конфликтите во Сирија, Украина и Авганистан.

Тилерсон ја потврдил подготвеноста, изразена од претседателот на САД, Доналд Трамп во телефонскиот разговор со рускиот колега Владимир Путин, за надминување на проблемите во односите со Русија.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски