Во Истанбул денеска се отвора Светски туристички форум, а на третата по ред ваква иницијатива, која експертите ја означија како „туристички Давос“ учествуваат околу три илјади лица, министри за туризам, експерти во областа, интелектуалци, неформални организации од околу 20 држави.
Меѓу учесниците се Ранди Цукерберг, извршен директор и основач на Цукерберг Медиа и поранешен директор на Фејсбук, поранешните министри на Велика Британија Џек Строу и Дејвид Милибанд, претседателот на компанијата „Јандекс“, Аркадиј Волож и други, кои учествуваат со излагања на тркалезни маси во рамки на форумот.
Светскиот туристички форум се одржува оваа година во пресрет на турската кампања за привлекување на повеќе туристи од целиот свет по драстичниот пад минатата година заради терористичките напади.
На форумот, кој ќе трае три дена, ќе бидат разгледани актуелните проблеми на туристичкиот сектор, меѓу кои претприемништвото, шопинг турите, иднината на здравствениот туризам, гастрономски маршрути.