Берово, град на културата за 2017 година

Од:

Општина Берово е носител на титулата „Град на културата во 2017 година“ откако беше избрана на конкурс на Министерството за култура.

– Во согласност со понудената апликација, Програмата на општина Берово содржи конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности и се карактеризира со широка жанровска разновидност и стилски карактеристики, соопшти Министерството за култура.

Во рамки на Програмата е предвидено учество на млади и реномирани уметници, гостувања од странство, продукции на погранични градови и установи со што, како што се наведува, ќе се обезбеди рамномерен културен развој, а ќе го поттикне и меѓународниот културен развој на оваа општина. Во реализацијата на активностите ќе учествуваат установи и здруженија на територијата на општината, односно општинските и образовните установи, библиотеките и други субјекти.

Програмата е збогатена со сите постојни традиционални фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под еден белег, Град на културата во 2017 година. Предвидени се музички концерти од сите жанрови, литературни читања и промоции, ликовни изложби на реномирани уметници, програма со популарна и традиционална музика, театарски продукции со учество на реномирани и млади актери, како и национални и независни театарски групи. Во Програмата ќе учествуваат уметници од сите генерации и таа ќе содржи активности од сите структури.

– Прогласувањето на Берово за Град на културата за 2017 година ќе придонесе за унапредување на културата во овој регион, како и за негов развој и афирмација воопшто, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Во незгода тешко повредена жена во Берово