Полскиот ски-скокач Мачеј Кот ја забележа втората победа во неговата кариера откако денес беше најуспешен на скокалницата во Пјонгчанг, Јужна Кореја.
Кот со овој триумф ја потврди одличната форма во која се наоѓа за време на скоковите на Далечниот исток.
Тој пред неколку дена во јапонски Сапоро стигна до својата прва победа делејќи го тронот со Петр Превц, а денеска за првпат е сам на врвот.
Далечините што ги оствари Кот од 108,5 и 110,5 беа доволни за вкупно 256,2 бода и 1.место.
На втората позиција се најде вчерашниот победник Стефан Крафт од Австрија со скокови од 106 и 107 метри, додека трет беше Андреас Велингер од Германија кој имаше должини од 99 и 112 метри.
Лидер по првата серија беше Петр Превц со прескокнати 109 метри, но потфрли во втората серија со само 102 метри, доволно на крајот да биде четврти.
Во Генералниот пласман води Штох со 1.280 бода, пред Крафт со 1.220, Норвежанецот Андре Танде има 1.119, Домен Превц 899, Кот 883,…