Делови од Карпош, Кисела Вода и Аеродром утре без струја

Од:

Дел од корисниците од улиците „Балзакова“, „Невена Георгиева Дуња“, „Дренак“ и „367“ во општина Кисела Вода утре од 8:30 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Стрезова“ и СОУ „Лазар Танев“ во општина Карпош, од 10 до 12 часот дел од корисниците од булеварот „12 Македонска Бригада“ и од ТЦ Лисиче во општина Аеродром, а од 9 до 11:30 часот и дел од корисниците од село Волково кај обиколницата.

Од 12 до 14 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од улиците „Георги Димитров“, „Тодор Паница“ и „Вера Јоциќ“ во општина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во системот од страна на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја