Грција ќе банкротира ако Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одлучи да ја повлече спасувачката програма, изјави во холандскиот Парламент претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.
– Мојата работа е да ја стабилизирам ситуацијата во Грција. А такво нешто е во интерес на сите нас. Тоа е најдоброто како од економска, така и од политичка гледна точка и точно тоа го правам, посочи Дејселблум.
Тој наведе дека консултациите со Грција за следната транша нема да завршат пред седницата на Еврогрупата, закажана на 20 февруари и оти ММФ треба да одлучи за учество во грчката програма.
– ММФ не сака да ја изостави Грција, потенцира Дејселблум.