Шума од 1.500.000 метри кубни букови дрва на површина од 3.000 хектари се исечени со цел новиот рудник во Гевгелија да почне со работа.Од здужението „Спас за Гевгелија“ реагираат дека наспроти оваа површина, градот се наоѓа на површина од 500 хектари.
ИНФОРМИРАЈ СЕ!!!
СТОП ЗА ЗЛАТОTO НА СМРТТА!!!
#spaszagevgelija
Posted by Спас за Гевгелија on Wednesday, February 15, 2017
Во веќе искасапената шума се користи околу 20 тона динамит дневно за отварање на окното на рудникот кој е планирано да биде со пречник од 3 километри и длабочина од 700 метри.
Здружението реагира дека при минирањето, копањето и транспортот на руда ќе се ствара 10 тони високо токсична прашниа од талиум, арсен, сулфони, оксиди и антимон, а истата ќе ја дишат гевгеличани секојдневно, како и дека дневно ќе се користи 10 тони цијанид, а за да се затрујат сите жители на Гевгелија се доволни само 10 литри.