Во Гевгелија отворен центар за целосен третман на децата со посебни потреби

Од:

Во Гевгелија денеска беше отворен Центарот за деца со посебни потреби наменет за индивидуална работа и третмани со децата со посебни потреби од градот и околните општини.

Главната цел на проектот е да се зголеми социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби. Активностите на Центарот вклучуваат: програма за рана интервенција во сензорнa соба, терапевтска соба за физиотерапија, окупациона програма за подобрување на животните вештини и работното оспособување преку повеќе работилници, социо-едукативни активности за поддршка на родителите, активности за градење капацитети и развој на стручните лица од центарот и активности за социјална инклузија со деца со типичен развој.

Објектот го освети скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов. “Овој дом ќе биде полн со љубов, ние ќе им помогнеме на децата на кои тоа им е неопходно. Овде никој не беше вклучен за пари, туку секој имаше љубов, оти љубов е кога живееш за другите. Радосни сме што ве имаме драги деца. Затоа го молиме господарот на животот да ве направи среќни”, истакна Стојанов.

Свое обраќање пред присутните имаше имаше и Амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео Италија, кој меѓу другото кој изрази задоволство поради отворањето на еден ваков Центар.

“Мене ми е драго што во еден ваков убав град се отвора толку значаен центар. Центар во кој ќе напредуваат децата. Ме радува фактот дека за реализација на овој проект се вклучени повеќе меѓународни и домашни фактори, како државни, така граѓански, што само упатува на заклучокот дека сите чинители во општеството мора да се вложиме за да си помогнеме”, потенцираше Ромео.

Драги Хаџи Николов од советот на општина Гевгелија истакна дека општината и во иднина ќе продолжи да поддржува вакви проекти, затоа што како што рече, тие се значајни за заедницата.

“Ние уште на самиот старт препознавме дека ова е одлична идеја и добар проект за да ги вклучиме децата со посебни потреби во социјално-економските текови”, рече Хаџи Николов.

Центарот ќе работи со 30 лица со различни попречености. За корисниците кои ќе бидат вклучени во повеќе активности на Центарот ќе има обезбеден превоз од нивните домови. Она што го прави единствен овој Центар е индивидуалниот пристап кон корисниците, честите индивидуални часови со стручните лица, програми кои вклучуваат успешни и признати светски методи со докажани резултати и успеси во работењето со децата со посебни потреби, работењето на животните вештини и работното ангажирање најрано што е можно и фокусирањето на способностите и интересите на корисниците.

Вкупниот износ на проектот е 290.000 евра и ќе се реализира во наредните три години. Апостолскиот егзархат во Македонија за да го реализира овој проект во изминатата година побара и доби донација од Италијанската Бискупска конференција за купување и адаптација на објектот во кој ќе биде сместен Центарот.

Овој Центар претставува дел од проектот „HUBilities – Основање на Центар за лица со посебни потреби во Гевгелија”, а е финансиран е од Реновабис и Каритас Италија, а спроведен од апостолскиот егзархат во Македонија, „Националната Алијанса за лица со посебни потреби – Гевгелија“ и Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on