За нов водоснабдителен систем во Гевгелија ќе се потрошат 1,7 милиони евра

Од:

Со финансиска поддршка од ИПА фондовите во Гевгелија денеска почна реализација на проект за унапредување на водоводниот систем со кој треба да се подобри Водоснабдувањето на 17.000 жители во Гевгелија, Мрзенци, Моин, Богородица, како и Селеми и Стојаково во општина Богданци.

Почетокот на изградбата на новиот водоснабдителен систем го означија евроамбасадорот Самуел Жбогар, министерот за финансии Кирил Миноски и градоначалникот Иван Франгов.

Предвидена е изградба на четири бунари, пупмпна станица, станица за хлорификација на водата, цевки, и резервоар за вода од капацитет од илјада метри кубни.

Вкупната вредност на проектот е 1,7 милиони евра, а Министерството за финансии, како што информира министерот Миноски, даде свој придонес со обезбедување средства преку Проектот за подобрување на општински услуги во висина од 1,6 милиони евра од кои 260.000 евра се грант. Сто илјади евра се обезбедени преку Проектот за водовод и канализација на Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло