Еко-акција за собирање електронски и електричен отпад во Лисиче

Од:

Општина Аеродром во соработка со друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ во сабота организира еко-акција за собирање електронски и електричен отпад во населбата Лисиче.

Како што информираат од Општината, граѓаните ќе можат да се ослободат од опасниот отпад од домаќинствата од 12:00 до 14:00 часот во урбаната заедници „Лисиче“, кај старата продавница на Славија во трговскиот центар.

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.

На претходните еко-акции за собирање електронски и електричен отпад во ноември и декември минатата година беа собрани вкупно 1.907 килограми опасен отпад.

Би можело да ве интересира

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски