Екипата на Кливленд во следниот период ќе настапи ослабена поради отсуството на Кевин Лав. Крилото на шампионот и „ол-стар“ играч Лав беше подложен на операција на левото колено во болница за хирургија во Њујорк.
Периодот на рехабилитација се очекува да биде околу шест недели и неговото враќање би било во финишот на основниот дел од сезоната, во пресрет на плеј-офот што е важно за Кливленд особено што оваа екипа ја брани шампионската титула.
Лав беше избран да биде дел од „Ол-стар викендот“ и да настапи во составот на Исток, но ќе мора да го пропушти овој настан што ќе се одржи во текот на викендот.