Триумф на Кливленд на гостувањето кај Минесота

Од:

Шампионот на НБА лигата Кливленд постигна победа ноќеска на гостински терен против Минесота. Во текот на дуелот двете екипи имаа водство, но сепак во последниот период Кливленд прими само 15 поени што беше еден од факторите за победата.

Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг кај Кливленд заедно постигнаа 50 поени (двајцата по 25) со 21 асистенција, додека најефикасен на дуелот беше Ендрју Вигинс од Минесота со 41 поен.

Чикаго ја продолжи победничката серија над Торонто откако го совлада на домашен терен и има низа од 11 победи, додека Сакраменто предводен од ДеМаркус Казнс, кој имаше 40 поени и 12 скока оствари минимална победа над ЛА Лејкерс.

Резултати на ноќеска одиграните дуели:

Минесота – Кливленд 108:116,
Чикаго – Торонто 105:94 и
ЛА Лејкерс – Сакраменто 96:97.

Пласман Источна конференција: Кливленд 38-16(победи-порази), Бостон 36-19, Вашингтон 33-21, Атланта 32-23, Торонто 32-24, Индијана 29-26, Чикаго 27-29, Детроит 26-30,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 46-9, Сан Антонио 42-13, Хјустон 40-17, ЛА Клиперс 34-21, Јута 34-22, Мемфис 34-23, Оклахома Сити 31-25, Денвер 25-30,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on