Индиската ракета-носител „Полар“ денеска изведе во орбитата рекордни 104 сателити, јави ТАСС.
Ракетата беше истрелна од космодромот „Шрихарихота“ со три индиски и 101 странски – по еден од Израел, Казахстан, Холандија и Швајцарија и 96 сателити од САД.
Иако се во голем број, странските наносателити се наречени „бебиња“ бидејќи нивната вкупна тежина е 600 килограми, колку што е тежината на останатите три индиски сателити.
Претходниот рекорд за најголемо количество на изведени сателити со една ракета го направи Русија. Во 2014 година таа изведе во орбитата 39 сателити.
Ракетата носител „ПСЛВ“ ( Ракета-носител за поларни сателити) е оценета за еден од најголемите успеси на Индиската организација за вселенски истражувања. (ИСРО).