„Дизни“ ја прекина соработка со Јутјуб ѕвездата ПјуДиПај

Од:

Компанијата „Дизни“ ги прекина сите врски и соработка со најплатената Јутјуб ѕвезда во светот ПјуДиПај, поради обвиненијата против него за антисемитизам.

Според Би-Би-Си, таа одлука следеше откако биле пронајдени неколку видеоснимки, што тој ги објави изминатите неколку месеци, а кои соддржат нацистички референци и антисемитски фотографии.

ПјуДиПај, чие вистинско име е Феликс Кјелберг, ги прифати критиките дека тој материјал бил навредилв, но рече дека не поддржува било каков вид на „ставови на омраза“.

Овој Швеѓанец во својата даночна пријава за 2016 година наведе дека преку Јутјуб заработил 15 милиони долари. Неговите објави на Јутјуб секој месец имаат по неколку милијарди прегледи, што му носи големи приходи.

– Иако Феликс е многу успешен во својата работа, тој јасно отиде премногу далеку со овој случај, што резултираше со несоодветни видеоснимки, соопшти „Дизни“.

Во едно од контроврерзните видеа, Кјелберг им платил на двајца Индијанци да држат знак на кој пишува: „Смрт на сите Евреи“.

Во одговор на критиките, тој вели дека само се обидел да покаже „колку е луд модерниот свет“.

Би можело да ве интересира

Повлечени средства за дезинфекција на рацете на Дизни, содржат канцерогени материи

А1он

Почина Рути Томпсон, легендарна цртачка на старата „Дизни“

Ана Ололовска

Скарлет Јохансон го тужи „Дизни“ за стрим на „Црна вдовица“

Ана Ололовска

„Дизни“ затвора 18 ТВ канали во Југоисточна Азија и Хонгконг

Ана Ололовска

„Дизни“ на Денот на планетата Земја со нови еколошки планови

Ана Ололовска

Отворање на „Дизниленд“ од 30 април, но само за граѓаните на Калифорнија

Ана Ололовска