Црвени ружи за дамите, вино и ракија за мажите, Градоначалникот Стевчо Јакимовски за денот на вљубените им ја подари својата љубов на сите осамени во општина Карпош, а една осамена припадничка на понежниот пол му испеа и песна.
– Стевче го зема телефонот, го повика докторот, докторе мој пријателе те молам слушни ме. Ти праќам пациентка како да ми е мајка, треба да биде примена веднаш оперирана, се вели во дел од песната која беше испеана во чест на Јакимовски.
Ова е седма година по ред како Градоначалникот на Карпош организира средба со осамените граѓани на општината.
– Ја организираме оваа наша активност каде се сретнуваме со граѓани и граѓанки на општина Карпош кои што во овие моменти се осамени. Да покажеме еден гест на добра волја на дружење со сите кои што се без партнер или партнерка, рече Јакимовски
Тој ги повика сите сограѓани кои што во комшилук имаат пријатели или роднини кои што се осамени да направат ваков гест и барем денеска или во наредните денови да ги дружат.
Виктор Јованов