Канада нема да им држи лекции на САД за односот кон бегалците, истакна канадскиот премиер Џастин Трудо за време на посетата во Вашингтон.
Одговарајќи на новинарското прашање за бегалците за време на прес-конференцијата со американскиот претседател Доналд Трамп, Трудо наведе: Последната работа што Канаѓаните ја очекуваат од мене е да дојдам тука и да им „држам лекции“ на САД за јавната администрација.
– Нема соседи во целиот свет кои се така цврсто поврзани како ние, нагласи Трудо.
– Нема секогаш да се согласуваме, но поради взаемната почит можеме да ги пребродиме потешкотиите. На крајот на денот, Канада и САД ќе останат суштински партнери. САД ја ставија Канада на листата на најголеми соработници за извоз. Секојдневно правиме милионски трговии. Милиони работи за средната класа зависат од ова партнерство, истакна Трудо.
Зборувајќи за бегалците – за кои Трамп и Трудо не го делат мислењето, американскиот претседател наведе дека САД сака луѓето да доаѓаат во таа земја, но дека „не може да се дозволи влез на погрешни луѓе“.
Во изминатите месеци, стотици бегалци заминаа од САД во Канада, а службите кои работат со бегалците соопштиле дека бројот на лица кои ја поминуваат границата се зголемил по забраната на Трамп за влез на лица од седум муслимански земји.
Минатиот месец, кога Трамп а го потпиша указот за забрана, Трудо напиша на Твитер: На оние кои бегаат од прогон, терор и војна, Канаѓаните ќе им посакаат добредојде, без оглед на вашата вера. Различноста е нашата сила.
САД и Канада ќе работат на зајакнувањето на трговската размена.