Џастин Трудо во официјална посета на Вашингтон

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска беше гостин во Белата куќа кај Доналд Трамп и најави дека нема намера да го „подучува“ американецот за мигрантите и неговата забрана.

„Последното нешто што канаѓаните го очекуваат е јас да дојдам тука и да им држам предавања на друга држава за тоа како да владеат“ изјави тој на прес конференцијата по состанокот.

Двајцата се согласиле дека треба да се фокусираат на економските цели и на нивна соработка.

„Ќе се координираме за да ги заштитиме работните места во нашата хемисвера и да ги зачуваме богатството на нашиот контитент“ изјави Доналд Трамп.

Американскиот претседател најави дека ќе го разгледаат договорот за слободна трговија Нафта, што предизвикало незадоволство кај канадските власти.

Двајцата лидери, заедно со Иванка Трамп одржале и тркалезна маса за дискусија со женски работници. Се согласиле да започнат работна група која што ќе работи на унапредувањето на бизнис лидери жени.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија