Пентагон: Способни сме да се одбраниме од напад од Северна Кореја

Од:

САД се способни да се одбранат од севернокорејски напад со балиситичка ракета, изјави денеска портпаролот на Пентагон, капетан Џеф Дејвис, притоа „остро осудувајќи“ го последниот ракетен тест на Северна Кореја.

– САД имаат челично цврста посветеност на заштитата на својата територија и на своите сојузници, како Јапонија и Јужна Кореја, изјави Дејвис.

Тој нагласи дека севернокорејската „илргална програма за вооружување“ претставува јасна и голема опасност за националната бебзедност на САД.

– Сепак, ние сме способни да се одбраниме од севернокорејски напад со балистичка ракета и ќе ги преземеме сите неопходни мерки за одвраќање и совладување на заканите на нашите и на сојузничките територии и граѓани, порача Дејвис.

Северна Кореја вчера соопшти дека извршила успешно тестирање на нов тип балистичка рекета со „среден до голем дострел“.

Според јужнокорејски воени извори, ракетата лансирана од западната провинција Северен Пјонган, достигнала висина од 550 километри, по што паднала во морето минувајќи растојание од 500 километри.

Во реакцијата на Пентагон на последниот севернокорејски ракетен тест се нагласува дека сепак не станува збор за интерконтинентална балистичка ракета.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа