ТХП: Не е фенси да си шовинист

Од:

„Политичкиот пензионер Груевски, на кој му преостанува само да одговара за сторениот криминал, продолжува со своето бламирање по ТВ екраните.

На последниот очаен настап, Груевски причината за поразот на изборите сака да ја префрли врз оџите! Со ваквиот став Груевски се обидува да ја омаловажува интелигенцијата на граѓаните на Р. Македонија. Спремен е да измисли секакви небулози, само да не ја прифати реалноста дека разумните граѓани на последните избори го пратија во темните страни на историјата.

Ние сакаме да го потсетиме дека ниту криминалното судство, ниту криминогените оџи и попови нема да можат да го спасат од овој конечен пораз.

Во 21. век воопшто не е фенси да си шовинист, напротив тренд е да изградиш култура на заеднички живот. Никој не е обврзан да го сака другиот, но секој треба да го почитува секого.

А ваквата позитивна промена веќе почнува да се чувствува во нашата земја. Доаѓа живот за сите!“ стои во соопштението на Партијата за Движење на Турците во Македонија – ТХП.

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска