„Ла Ла Ленд“ со пет БАФТА награди

Од:

Филмот „Ла Ла Ленд“ освои пет награди на овогодишните британски филмски награди, БАФТА, притоа освојувајќи ги наградите за најдобар филм, најдобра актерка и режија.

„Ла Ла Ленд“ беше номиниран во вкупно седум категории, а освојувањето на овие награди е предвесник за Оскарите кои што треба да се одржат на 26 февруари.

Во изминатите десет години, добитникот на наградата за најдобар филм на БАФТА, Оскарот го добивал шест пати.

Модерниот мјузикл ги доби наградите за најдобар филм, Шизел ја понесе титулата за најдобар режисер, а филмот ги доби и наградите за оригинална музика и најдобра кинематографија.

Главната актерка на филмот, популарната Ема Стоун се закити со БАФТА наградата за најдобра водечка улога.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Среден прст за Путин од водителката на БАФТА наградите

А1он

Филмот „Nomadland“ со четири БАФТА награди

Ана Ололовска

Во Лондон утре доделување на филмските награди „БАФТА“

БАФТА 2020: Британски филм на годината е „1917“

Ана Ололовска