Хеликоптер со пет лица во него се урна во Телецко Езеро во руските Алтајски планини, јави ТАСС, повикувајќи се на извор од спасувачките служби.
– Според прелиминарните информации, хеликоптерот се урнал 40 километри југоисточно од населбата Артибаш. Несреќата ја пријавиле очевидци, навел овој извор.